Собир пред Кривичен суд за поддршка на Талевски
Мирен собир се одржа денеска пред Кривичниот суд во Скопје за поддршка на битолскиот градоначалник Владимир Талески, на кого овој суд му одреди 30-дневен куќен притвор. Собирот го организира Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ).
Пред судот беше прочитана декларација до судиите, која ГДОМ ја предаде во Основниот суд Скопје 1 Скопје и Апелациониот суд Скопје во која тие од судиите бараат да не потклекнуваат на никакви притисоци, ниту од внатре, ниту од надвор.
- Вашето спротиставување на притисоците во овој период ќе биде потврда на независноста и непристрасноста на судството во Република Македонија и ќе биде пример за идните генерации судии во земјава, наведуваат од ГДОМ охрабрувајќи ги, како што наведуваат, да не подлегнуваат на притисоци и да не носат нарачани политички одлуки.
Правдата, како што посочуваат, мора да биде еднаква за сите. Целосно е неприфатливо за едни да важат законите, а за други да нема никаква одговорност, стои во декларацијата.
Во неа се наведува дека лидерот на опозицијата, Зоран Заев е аболиран и спасен од кривична одговорност за криминал тежок осум милиони евра. Заев, како што посочуваат од ГДОМ, се закануваше дека за него не постојат македонските судови и дека нема намера да постапува по судски наредби и изјавуваше дека ќе правел списоци со судии на кои ќе им се одмаздувал доколку дојде на власт, додека неговиот портпарол Петре Шилегов најави поднесување на кривична пријава против судија само заради одлука донесена по закон и врз сопствено убедување.
Заев, наведуваат натаму, е осомничен за барање поткуп и за случајот „Пуч“ и е на слобода, додека на Владимир Талевски му се изрекуваат мерки иако нема никакво криминално досие и секогаш го почитувал судот.
Ги повикуваат судиите да не дозволат луѓе како Заев да ги заплашуваат и да влијаат врз нивните одлуки со што ќе го нарушат сопствениот кредибилитет и интегритет.
Кривичниот суд во Скопје во петокот по барање на СЈО му определи мерка притвор на Талевски, а денеска Апелацискиот суд треба да одлучи по жалбата на битолскиот градоначалник.
Талевски е еден од осомничените во случајот на СЈО „Транспортер“.
Ново на Сител
-
Најмалку 17 лица загинаа по израелски напад во Газа
-
РТС поднесе крвична пријава поради блокада на нивни објекти
-
Во американските воздушни напади на пристаништето во Јемен загинале 74 лица
-
Украина прими стотици тела на војници во размена со Русија
-
Зеленски: Русија се повеќе ја напаѓа украинската цивилна инфраструктура
-
31-годишник од Берово пријавил дека бил физички нападнат од едно лице во општина Аеродром во Скопје
-
75-годишен скопјанец пријавил дека неговите три внуки се оддалечиле од семејниот дом
-
Со трактор насилно влегол во шумски склад и оштетил возило, уапсен 43-годишник од струмичко