Соботка: Можни се предвремени парламентарни избори во Чешка
Чешкиот премиер Бохуслав Соботка, кој претходно ја објави својата оставка, не ја исклучува можноста од предвремени парламентарни избори.

- Таквата можност не е исклучена. За тоа треба да се договорат сите парламентарни партии, а не само кои се во составот на владејачката коалиција, истакна Соботка.
Соботка денеска поднесе оставка што доведе до пад на Владата.
Одлуката на Соботка уследи по неговиот конфликт со министерот за финансии, влијателниот милијардер Андреј Бабиш, кој е осомничен за даночни измами.
- Наскоро ќе ја врачам оставката до претседателот Милош Земан. Неприфатливо е Андреј Бабиш да остане на функцијата министер за финансии, изјави социјалдемократот Соботка.
Според Уставот претседателот на Чешка, Милош Земан е должен да ја прифати оставката на Соботка. Но, кабинетот на Земан се уште не ја коментирал оставката на премиерот.
Бабиш, лидер на центристичкото движење Акција на незадоволните граѓани 2011, ги отфрла сите обвинувања против него за неплаќање на даноци и одби да поднесе оставка од функцијата министер за финансии.
За шест месеци во Чешка, на 20 и 21 октомври, треба да се одржат редовни парламентарни избори, а Движењето на Бабиш според анкетите е фаворит, додека социјалдемократите на Соботка се на второ место.
Ново на Сител
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
-

Преглед на вестите од светот
