Собранието ги донесе измените на Законот за извршување на Буџет за 2022
Собранието попладнево во рамки на 75-та седница со 60 гласа „за“, 22 воздржани и без ниту еден глас „против“ го донесе Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџет за 2022 година, по скратена постапка.
Собранието потоа продолжи со работа по 79-та седница, на која пратениците од ВМРО-ДПМНЕ поединечно излегуваа на говорница и бараа измени и дополнувања на дневниот ред на седницата, но тие не беа усвоени.
Претседателот на Собранието Талат Џафери соопшти дека оваа седница ќе продолжи утре во 12 часот. За дополнително гласање утре останаа предлозите на пратениците Даниела Христова, Јадранка Поцкова, Златко Пенков, Љупчо Пренџов, Грација Бакраческа.
Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска и Бране Петрушевски побараа да се расправа за потпишаниот протокол. Стојаноска во процедурална забелешка рече дека очекува набрзо што може да биде свикана нова седница со една точка на дневен ред – расправа за потпишаниот протокол. Според неа, тоа е најважна и најитна тема во моментов.
За време на седницата, Џафери неколку пати побара да се утврди точниот број на присутни пратеници во салата. Тој ја обвини заменик-координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Ели Панова дека исклучила тројца пратеници кои биле пријавени за збор и додаде дека тоа е кривично дело по што пратеничката Панова појасни зошто морала да го исклучи од збор пратеникот Бојан Стојански.
Ново на Сител
-

Фицо ги исмева барањата на Киев за дополнителни средства
-

Maкедонија за првпат ангажира воздухоплов за гасење пожар надвор од територијата на државата
-

Лукровски: Карпош, ова беше наше лето, над 20 000 посетители на програмските содржини
-

Трамп: САД ќе побараат од Европа да ги надомести трошоците за воената помош за Украина
-

АХВ: Потврдени три позитивни случаи на вирусот на Западнонилска треска кај угинати гаврани
-

Путин: Русија има доволно војници и нема потреба од нова мобилизација
-

„Ги броевме нејзините грамови како најголемо богатство“ - по 82 дена во болница, малата Бисера си оди дома
-

Важно за концертот на Дејвид Гета во Скопје: Билетите се заменуваат со нараквици, еве кога и каде
