Собранието ги избра членовите на Комисијата за заштита од дискриминација
Собранието на Република Македонија доцна попладнево во рамки на 85. седница, со 62 гласа „за“ и еден против, ги избра Тони Науновски, Александар Даштевски, Александар Спасеновски, Нена Неновска - Георгиевска, Јован Ананиев, Ирфан Дехари и Беким Кадриу за членови на Комисијата за заштита од дискриминација.
Според пратениците од опозицијата предложените кандидати Тони Науновски и Александар Даштевски немаат кредибилитет да бидат членови на Комисијата, додека пратениците од владејачкото мнозинство сметаат дека предложените кандидати се универзитетски професори со големо искуство и квалитет.
Пратеникот Џеват Адеми од ДУИ рече дека кандидатите-албанци Ирфан Дехари и Беким Кадриу, се најдобри меѓу седуммината предложени членови на Комисијата. - Пратеничката група на ДУИ ќе гласа за своиоте членови, но жалиме што треба да се гласа во пакет, додаде тој.
На дневен ред на оваа седница, која ќе продолжи утре, се уште 70-тина законски решенија во прво и второ читање, како и по скратена постапка.
Ново на Сител
-
Богојавление Водици во Охрид
-
Томче Голабоски го фати крстот во Струга
-
Сител од Неиве - јубилејно по 20ти пат македонската дијаспора во Италија празнува Водици
-
Мицкоски ги почна работните средби во САД, Трамп дочекан со огномет во Вашингтон
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонската дијаспора во Италија ќе го одбележи Богојавление-Водици - Сител со директен пренос
-
Водици најмасовно во Охрид - Сител со директен пренос
-
Последни подготовки за Водици во Штип