Собранието го донесе законот за заем за гасификацијата

Собранието на Република Македонија денеска по два дена расправа го донесе Законот за задолжување на Република Македонија кај Дојче банка и Ерсте банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот „Гасификација на Република Македонија – фаза 1 - делница Штип – Неготино - Битола и делница Скопје – Тетово - Гостивар“, по скратена постапка.
Со Предлогот се обезбедува заем од 90 милиони евра за финансирање на градбата на госоводот - делница Штип блок станица 5 Неготино - Битола и делница Скопје - Тетово - Гостивар. Рок на отплата на кредитите се 7 години со вклучен грејс период од 3 години, со каматна стапка која ќе се пресметува како збир од 6м ЕУРИБОР + маргина од 450бпс.
Проектот предвидува изградба на инфраструктурни објекти и линиски дел на делниците Штип - Неготино - Битола дел 1 од Штип блок станица 5 до Неготино, линиски дел во должина од 36 километри, кој ќе се надоврзе до делницата Клечовце - Штип блок станица 5 чија изградба која е веќе во тек и дел 2 од Неготино до Битола во должина од 92 километри. Исто така и вториот дел Скопје - Тетово во должина од 76 километри. Изградбата се очекува да заврши во 2016 година.
Пратениците од мнозинството го оценија Предлог-законот како позитивно решение со кое ќе се реализира стратешки проект, додека опозицијата, која се изјасни против, смета дека е ново задолжување и побара овој проект да се реализира од постоечкиот буџет.
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски закажа ново продолжеие на 71-та седница утре напладне.
Ново на Сител
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, пет биле без возачка дозвола
-

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице
-

Дарио Ивановски победник на „Охрид трчаТ“
-

Кривична за 29-годишен дебранец кој возел без возачка, пијан и ги нападнал полицајците
-

Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид
-

Реализирани над 65 проценти од проектот за реконструкција и проширување на охридскиот аеродром
-

ЈПДП потсетува дека од 15 јуни лентите за MTAG ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови
-

Кина: Почнавме специјална поморска операција во близина на Тајван
