Собранието го изгласа законот за попис
Со 62 гласа за, и со бадентерово мнозинство Собранието го донесе законот за попис по една недела откако заврши расправата по него. За законот гласаа пратеници од коалицијата на СДСМ, ДУИ и од опозициските Алтернатива и Алијанса на Албанците.
Пред чинот на гласање во процедурални забелешки опозицијата ги искажа своите ставови. Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека со овој закон пописот ќе биде политичка наместо статистичка операција, дека се сомневаат во предвремено договорање на пописните резултати меѓу коалициските СДСМ и ДУИ, а доказ за тоа е недовербата меѓу нив која била преместена помеѓу врзаните потписи што треба да ги имаат директорот на Државниот завод за статистика и заменикот кој е Албанец.
Според законот, пописот треба да се спроведе во првите три недели од април. Ќе го спроведуваат попишувачи под контрола на Државниот завод за статистика, а ќе бидат користени и државни бази на податоци за граѓаните. Оние кои нема да бидат затекнати за време на попишувањето ќе можат да бидат попишани од нивни блиски или комшии со давање единствено на матичен број. Државјаните надвор од државата пак, ќе може да се попишат преку електронска пописница.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
Најмногу дожд наврнал во Охрид
-
На „Табановце“ се чека околу 20 минути за влез во земјава
-
Србија: Го величел напаѓачот пред израелската Амбасада во Белград и признал дека ја поддржува ИД
-
Пожарникари од четири земји и ова лето ќе бидат лоцирани во Грција за да помагаат во гаснењето на пожарите
-
Средба Гаши - Лудва: За Чешка од посебно значење е интегрирањето на земјите од Западен Балкан
-
Кривична пријава за „предизвикување општа опасност“ против полициски служеник во Струмица
-
Жената врз која падна дрво во Скопје не е во животозагрозувачка состојба
-
Пожарникари со пет противпожарни возила гаснат опожарени отпад и сува трева кај Кванташки пазар