Собранието ја почна 71. седница

Собранието на РМ денеска ја почна 71. седница, која има обемен дневен ред од 118 точки, од нив најголем број во второ читање, а 12 во прво читање.
По предлог на Владата на РМ дневниот ред е дополнет со девет закони кои ќе се носат по скратена постапка, меѓу кои и за задолжувања на Република Македонија за финансирање на проектот „Гасификација“ на РМ прва фаза, потоа за патната делница Штип-Радовиш, како и измени и дополнување на законите за гаранција на РМ на обврските по договорите за заем за финансирање на програмата за национални патишта и на проектот за надградба и развој на патишта кои ќе бидат склучени меѓу ЕБОР и ЈП за државни патишта, односно Светска Банка и ЈП за Државни патишта.
Пратениците во рамки на седницата го верификуваа мандатот на пратеникот Дајанчо Ефремов. Ефремов доаѓа на местото на Ромео Тренов кој е именуван на нова функција. Пратениците, меѓу другото, ја усвоија и предлог одлуката за основање пратенички групи на Собранието на РМ за соработка со парламенти на други држави.
На денешната седница расправа прддизвика точката за именувањето на претседател и член на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија. Пратеничката Роза Топузова Каревска обвини дека старо-новиот кандидат Димитар Петров нема легитимитет, бидејќи како што рече, незаконски во рок од околу една ипол година ја водел комисијата со истечен мандат и не смее да се изгласува повторно за претседател на Регулаторната комисија. Таа побара пртеседателот на Собранието да ја прекине седницата.
Критики за изборот на Петров упатија и пратениците од опозициската СДСМ, поради како што наведоа, лошите политики за време на неговиот мандат како претседател на Регулаторната комисија, бидејќи, според нив, дозволил многу погрешни одлуки. Пратеникот Благоја Стојановски од СДСМ, како пример го наведе склучувањето на договор на ЕВН со агенција за обезбедување од 12 милиони денари кои се прикажани како трошок на ЕВН за потоа, вели, цената на струјата да биде зголемена.
Крсто Мукоски од ВМРО ДПМНЕ реплицираше дека Петров нема улога во финансирањето на МЕПСО и ЕВН бидејќи тој е, како што рече, само претседател на Регулаторна комисија.
Пратениците од владејачкото мнозинство се со став и дека Регулаторната комисија за енергетика е непартиско тело и работи согласно Европската енергетска асоцијација
Дискусијата по оваа точка ќе продолѓи по редовната пауза.
Ново на Сител
-

Битолчанец излегол од затвор на отсуство, па повторно бил уапсен пошто поседувал различни видови дрога
-

Малолетничка пријавила дека била допирана по телото од ученик во основно училиште во Скопје
-

Кривична за маж кој 8 месеци силувал дете помало од 15 години
-

Мицкоски: По шест месеци најавување „скандали“ за унгарскиот кредит, нема ниту „К“ од криминал, парите се за економија
-

Сведочење на судењето на 13 полицајци за „Пулс“: Не изгледаше дека ќе биде сериозна ситуација
-

Мицкоски до Филипче за рудниците: Ние не ја распродаваме државата, туку го враќаме она што вие го распродадовте
-

Мицкоски: Инвестираме во модернизација на институциите и подобри јавни услуги
-

Не ја затворил ниту вратата од автомобилот – 44-годишник со 2,78 промили алкохол во крвта уапсен во Кочани
