Собранието ја утврди потребата по скратена постапка да се донесат законите за зголемување на платите во судската и јавнообвинителската дејност и затворската полиција

Собранието едногласно ја утврди потребата по скратена постапка да се донесат законите со кои се зголемуваат платите за вработените во судската и јавнообвинителската дејност и затворската полиција.
Со Законите за изменување на законот за судска служба и за јавнообивинителска служба вработените ќе земаат повисока плата за 15%. Со Законот за изменување на Законот за судска служба се постигнува еднаквост на вработените во приватниот и јавниот сектор, служба како негов дел, со најниските примања преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на судските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на промените на платите во судската администрација во однос на минималната плата на национално ниво, како долгорочна цел.
Законот за изменување на законот за јавнообвинителска служба има за цел воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на јавно обвинителските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на промените на платите во јавно обвинителската администрација во однос на минималната плата на национално ниво.
Законот за изменување на законот за извршување на санкции овозможува да се постигне еднаквост во најниските примања на затворската полиција преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата.
Министерство за правда
Ново на Сител
-

Осум возила учествувале во сообраќајка на автопатот Штип-Скопје
-

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово
-

Ладна ве носи во Дизниленд, Париз: Започна детскиот ликовен конкурс на тема „Мојот необичен сон“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нервозни зошто Артан Груби е уапсен и може да изнесе податоци за криминалите на Заев, Филипче и Спасовски
-

Кривична за поранешен директор на Здравствен дом Куманово, незаконски вработувал лица во установата
-

Следува период на стабилно и суво време
-

Уапсен беровчанец, возел со 1,96 промили алкохол во крвта и без возачка дозвола
-

Со само 100 денари до нов автомобил!
