Собранието ќе гласа за потпретседател од редовите на СДСМ
Собранието на Република Македонија денеска ќе одржи две седници на кои, меѓудругото, ќе се гласа за предлогот Рената Тренеска Дескоска да биде потпретседател од редовите на СДСМ. Пратениците ќе гласаат и за пополнување на испразнетите места во собраниските комисии и тела.
Пратеникот Горан Мисевски ќе биде претседател на Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка за следење на комуникациите од страна на МВР, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана, додека Хари Локвенец на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање.
Во рамки на 65. седница на дневен ред се и неколку закони во второ читање.
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски за денеска го закажа и продолжението на четвртата седница на која треба да биде констатирано известувањето за повлекувањето на оставките на опозициските пратеници.
Според договорот од Пржино, опозициските пратеници се вклучија во работата на Парламентот на 1 септември.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно
-
Интервентни мерки во вторник за поевтина храна, најави премиерот
-
Најави за странски инвестиции
-
Полициските контроли резултираа со намален број на интервенции на сообраќајки на Брзата помош
-
Тошковски: Селективната примена на закони ја загрозува правдата
-
Мицкоски: Победуваме на локални, имаме предност од 4:1
-
Мицкоски бара јавен притисок за промени во Судскиот совет