Собранието ќе ја продолжи конститутивната седница по редовната пауза

Собранието на Република Македонија и денеска ја продолжи конститутивната седница за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Седницата ќе продолжи по редовната пауза.
Драган Цуклев од ВМРО-ДПМНЕ порача дека изборот на претседател на Собранието не треба да се базира на постизборни математики, туку на резултатите од изборите и треба да го добие онаа политичка опција која има најголем број освоени мандати.
Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека е несомнено оти 20 пратеници имаат право да предложат претседател на Собранието, но оти е несомнено дека и други 20 пратеници можат да го направат тоа, а исто може да направи и Комисијата за избори и именувања.
Неговата сопартијка Магдалена Манаскова, пак, посочи дека не може да се изостави и волјата на 200.000 граѓани кои секојденвно се на улиците низ државата.
Во процедурално обраќање Мери Лазарова од СДСМ рече дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ прават свесна опструкција на изборот на претседател на Собранието на Република Македонија и го злоупотребуваат Собранискиот деловник со меѓусебни реплики.
На дневен ред на седницата е и изборот на претседател на Собранието на Република Македонија.
Ново на Сител
-

Очевидци: Повеќе лица се повредени во експлозијата на аеродромот во Ријад
-

Кристијано Роналдо заработи суспензија од Португалската федерација
-

Силна експлозија на аеродромот во Ријад, авиокомпаниите откажуваат летови
-

Повеќе објекти осветлени во зелена боја како симбол на солидарност и нов живот
-

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата, клевети, навреди и измислици не поминуваат
-

Уапсен 31-годишник, кршел низ домот на својот чичко, па ја истепал сестра му
-

Ѓорѓиевски: Градските цвеќарници повторно ги ставаме во функција
-

Царинска управа: На Богородица спречен шверц на заштитени видови змии
