Собранието неделава со интензивна агенда, понеделнички собраниска седница и заседанија на седум комисии

Собранието неделата ја започнува со интензивни активности, а според агендата објавена на веб страната на законодавниот дом така ќе биде и во следните денови.
Во Собранието денеска е закажана 38. седница, како и седници на седум парламентарни комисии и на Националниот совет за евроинтеграции.
На дневен ред на 38. седница се Предлог на одлука за објавување на јавен конкурс за именување на членови на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија, Предлог на одлука за именување на член на Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен, Предлог за именување директор и заменик на директорот на Агенцијата за администрација, измени и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци-Штип и патна делница Кичево-Охрид, Дополнет редлог на закон за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони, Предлог на програма за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности за 2025 година, за која се поднесени три а мандмани, измени и дополнување на Законот за електронските комуникации, Годишен извештај за работата на Агенцијата за пошти за 2024 година, измени и дополнување на Законот за спортот, на Законот на Државниот испитен центар, на Законот на шумите, измени на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам и измени и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, сите по скратена постапка.
Седници денеска ќе одржат комисиите за еконосмски прашања, заобразование, наука и спорт, за европски прашања, за земјоделство, водостопанство и шумарство, за финансирање и буџет, за социјална политика, демографија и млади и Законодавно-правната комисија. Ќе заседава и Националниот совет за евроинтеграции.
За утре е закажан почетокот на 40. собраниска седница на која на дневен ред се петте интерпелации за членовите на Судскиот совет, седница на Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање како и Презентација: „Фискално управување во Европската Унија и улогата на Фискалниот совет“. Се очекува 40-тата седница да продолжи и во среда, за кога исто така е закажана седница на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите.
Ново на Сител
-

Би-Би-Си: Апсењето на Мадуро е опасен преседан за целиот свет
-

На ГП Меџитлија во прекин сообраќајот за товарни возила
-

Ѓоковиќ го напушти Професионалниот сојуз на тенисери
-

Трамп го предупреди Иран дека ќе биде „многу силно погоден“ ако бидат убиени уште демонстранти
-

Мицкоски на промоција на дел од опремата за управување со отпад во Пелагонискиот и Југозападниот регион
-

Американски медиуми: Мадуро попладнево се очекува да се појави во судот во Њујорк
-

Алиу и Тошковски ќе информираат за опасностите од употреба на пиротехника
-

Седум продолжени викенди за сите граѓани во 2026 година
