Собранието нема кворум за нова кризна состојба
Собранието не успеа да ја донесе одлуката за продолжување на кризната состојба од 18-ти декември до 30-ти јуни во првиот обид поради немање на кворум во собраниската сала. За одлуката гласаа 58 пратеници, но во салата не беа присутни најмалку 61 нарoден избраник за гласањето да биде полноважно по што собранискиот спикер Талат Џафери го поништи.
Денешната седница започна со еден час задоцнување само со пратеници на владејачкото мнозинство и на пратениците од Коалицијата Алијанса и Алтернатива кои во салата беа присутни до утврдување на дневниот ред. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска не учествуваат во работата на парламентот поради што на седницата само се отвораат точките за дневен ред, но не се гласа за нив. На денешната седница освен одлуката за кризна состојба е и предлог буџетот за 2021 година, законот за попис, законот за рамковните вработувања, за нови државни заеми, за член на судскиот совет..
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
Русија и Украина разменија по 90 затвореници
-
Претпладне сончево, попладне пороен дожд, грмежи и силен ветер
-
Изменет сообраќаен режим на булеварот „Србија“ поради снимање филм
-
Истрага од Комисија за судир на интереси против хрватскиот претседател бидејќи ја однел сопругата на ЕУРО 2024 во Германија
-
Времето лечи се | Катерина Ангеловска | Личен Развој | Sitel Podcast 047
-
На „Табановце“ се чека околу 15 минути за влез во државата
-
Нема промена на Рамката
-
Донесени дополнувањата на Законот за енергетика со кои треба да се спречи поскапување на струјата