Собранието расправа за избор на заменици министри

Собранието на Република Македонија денеска на продолжението на петтата седница ја почна расправата за избор на заменици министри во Владата.
Премиерот Зоран Заев на почетокот пред пратениците ја соопшти листата со кандидати за заменици министри, посочувајќи оти станува збор за истакнати личности, професионалци и политичари. Заев рече дека имал разбирање за неколкудневното пролонгирање на изборот на замениците министри за да има доволно време пратениците да ги разгледаат предлозите.
Предложените кандидати, како што посочи, ја знаат својата одговорност, дека ќе добијат задача да ја извршуваат одговорно фуницијата раководејќи се од Уставот и законите и од оштиот интерес за подобрување на животот на граѓаните.
За заменик министер за одбрана е предложен Беким Максути, за заменик министер за внатрешни работи Агим Нухиу, во Министерството за правда Оливер Ристовски, во Министерството за надворешни работи Арта Точи, во Министерството за финансии Ширете Елези, а во Министерството за економија Кире Наумов.
Власте Димковиќ е предложен за заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Гоце Чакаровски за здравство, Висар Гани за образование и наука, Елми Азири за труд и социјална политика, Дејан Павлески за локална самоуправа, Владимир Лазовски за култура, Александар Бајдевски за информатичко општество и администрација, Ремзи Мехмеди за транспорт и врски, а Јани Макрадули за заменик министер во ресорот животна средина и просторно планирање.
Премиерот Заев истакна и дека новата Влада ќе биде насочена кон реформите и водење инклузивен процес преку вклучување на опиозицијата, граѓаните, академската заедница. Посочи дека активностите се насочени во две насоки: реформи и унапредување на севкупниот живот на граѓаните во РМ.
- Императив на Владата е да знае дека Парламентот е тој што избира Влада и ги креирара главните политики и владата е должна да го испочитува Собранието, рече Заев.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски реплицирајќи му на Заев рече дека е изневерена идејата на СДСМ за помала Влада. СДСМ пред изборите ветуваше дека нема да има повеќе од 20 министри, а сега има 26 министри и 26 заменици. Тоа, според него, е доказ за недоследноста на СДСМ за буџетот и неговото трошење. Во однос на предлозите за заменици министри искажа забелешка за Арта Точи која, како што наведе, тврдела дека западна Македонија треба да припадне на Албанија, а земјата ја ословува со ФИРОМ.
Милошоски, исто така, рече дека има многу прашалници за посетата на премиерот Зоран Заев на Бугарија, за тоа што и кога е договорено и зошто граѓаните не можат да знаат што е договрено.
Заев му одговори на Милошоски повеќе од 5-6 годиини Владата на Македонија преговара со Бугарија за договорот за добрососедство. Договорот ќе се ратификува во Собраните и нема што да се крие. Посетата придонесе за приближување на ставовите, рече Заев, најавувајќи транспратеност за сите постапки.
Покрај изборот на заменици министр, на 5. седница треба да бидат разгледани и годишните извештаи на неколку институции. Пратениците треба да се изјаснат и за иницијативата поднесена од 217 граѓани за измена на Законот за работни односи, со која се бара продолжување на породилното отсуство од 9 на 18 месеци.
Ново на Сител
-

Израелската армија изврши напад врз јужните предградија на Бејрут
-

Обвинителство отвори истрага против три лица за криумчарење штетни средства за лекување, за сопственичка на салон за убавина бара мерки за претпазливост
-

Нетанјаху загрижен поради евентуални американски отстапки во преговорите со Иран
-

Шкендија Тетово и Силекс се финалисти во Купот на Македонија
-

МВР: Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило
-

Четири лица се лишени од слобода, седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Нападнат француски брод во Ормуската Теснина, има повредени
-

Рокас: Северна Македонија припаѓа на европското семејство и сме поблизу до таа цел отколку што мислиме, потребен е прагматизам и обединување
