Собранието расправа за основање нов универзитет „Дамјан Груев“

Собранието на Република Македонија денеска ја продолжи 107. седница со дебата за Предлог законот за основање Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев” во Скопје, по скратена постапка.
На дневен ред се и предлог законите за изменување на законите за високото образование, за основање на Универзитет во Тетово, за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, сите по скратена постапка.
Пратениците треба да расправаат и за Предлог законот за дополнување на Законот за јавните набавки, по скратена постапка, и за предложените измени и дополнувања на законите за земјоделство и рурален развој, за полиција, за внатрешни работи, за пензиското и инвалидското осигурување, за здравственото осигурување и за минерални суровини, по скратена постапка.
Ново на Сител
-

Кочовска: Синдикатите да се договорат со работодавачите за повисока плата
-

СДСМ: Како излегле 5 тони дрога од Македонија
-

Тече рокот за пријавување на штети од поплавите во Струмица
-

Сите работници не добиле К-15
-

Прекумерната употреба на антибиотици сериозна опасност по здравјето
-

Преглед на вестите од светот
-

До 1 мај граѓаните кои работеле во странство треба да обезбедат доказ за платен данок
-

Преглед на вестите од светот
