-->
-->
Собранието утре ќе ги потврди оставките на Ковачевски и Пендаровски
-->
На почетокот на утрешната собраниска седница ќе бидат констатирани оставките на пратениците Васко Ковачевски и Стево Пендаровски.
Ковачевски, кој денеска поднесе оставка на пратеничката функција, изјави дека ќе биде прв човек на комбинатот РЕК Битола додека Пендаровски е избран за Национален координатор на НАТО. На нивните пратенички места ќе бидат Самка Ибраимовски и Далибор Богдановски.
Во изјава за медиумите Ковачевски потврди дека можно е да има поголеми кадровски промени во власта, но смета дека треба да се огласи премиерот Зоран Заев.
- Од она што јас го имам како информација е дека првиот нареден пратеник од листата е господинто Самка Ибраимовски. Тој ќе ја напушти функцијата министер во Владата на Република Македонија. За сите останати кадровски промени очекуваме во текот на деновиве да се огласи премиерот Заев, рече Ковачевски.
Очекува дека овие промени ќе бидат во насока на подобрување на нештата во општеството, и дека идните пратеници со својот ангажман ќе ги запазат интересите на граѓаните и на коалицијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот