Собранието во мораториум
![]()
Спикерот Џафери најави дека ќе свика седница само доколку однапред се знае дека на располагање има сигурни 61 пратеник за кворум. Претседателот на Собранието се реши на ваков чекор откако утринава ја прекинал редовната координација поради тоа што мнозинството има двајца пратеници позитивни на коронавирус, а од опозициската ВМРО-ДПМНЕ поставиле услов на утрешната седница да бидат само закони од мерките поврзани со пандемијата, според Џафери тоа било уцена и ултиматум кој не може да го прифати. Тука се десетицата илјади амандмани на Алијанса на Албанците поради нивниот Закон за државјанството, кои според Џафери се политички хир.
- Собранието не е само на власта вели опозицијата. Пратениците да се соземат и да бидат на работното место. Тоа им е деловничка обврска. И верувам дека за ваквото однесување ќе ја платат политичката цена на локалните избори и наредните парламентарни избори кога и да бидат, вели Џафери.
Утрешната седницата Џафери нема да ја одржи. Најверојатно првиот термин за нејзино одржување ќе е четврток, кога еден од изолираните пратеници ќе дојде.
Спикерот вели дека разбира дека се работи за исклучително важни закани за економска помош на граѓаните и фирмите погодени од Ковид пандемијата, но исклучок според деловничките правила не можело да се направи и со тоа ќе се воспоставувала пракса, опозицијата секогаш да уценува.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-

Трајковски кажа „збогум“ на репрезентацијата
-

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром е исторски момент за Охрид
-

Ловочувар пронајден мртов со прострелна рана во близина на Виница
-

УЈП со засилени контроли, илјадници даночни обврзници вршат дејност без фискален уред
-

Од понеделник променливо облачно и посвежо, пообилни врнежи во среда и четврток
-

Кавадарчанец физички го нападнал својот 74-годишен татко
-

Приведен кавадарчанец, физички ја нападнал својата поранешна сопруга
-

Мицкоски и Николоски ќе го означат почетокот на реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид
