Собраниска делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа
На редовната зимска сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, која се одржува од денеска до 29 јануари во Стразбур, Франција, учествува делегација на Собранието на Република Македонија, во чиј состав се Александар Николоски, шеф на делегацијата и Рената Дескоска и Ермира Мехмети, членови, соопшти собраниската прес-служба.
На почетокот на Првата сесија за 2016 година, пратениците ќе избираат претседател на Парламентарното собрание со мандат од една година и со право на реизбор, а ќе се бираат и нови претседатели и потпретседатели на комисиите.
Централни теми на зимската сесија ќе бидат миграциите и бегалската криза во Европа, меѓународниот тероризам и функционирањето на демократските институции во Полска.
Како точка по која ќе се расправа по итна постапка ќе биде борбата против меѓународниот тероризам и заштитата на стандардите на Советот на Европа, на која се очекува да учествува и францускиот министер за европски прашања, Харлем Дезир.
Меѓу другите точки на дневниот ред ќе бидат извештаите за ескалацијата на насилството во Нагорно-Карабах и другите окупирани територии на Азербејџан и намерното лишување од вода на жителите на пограничните региони на Азербејџан. Пратениците ќе расправаат и за ситуацијата во Косово и улогата на Советот на Европа, како и за зајакнувањето на заштитата и улогата на бранителите на човековите права во земјите-членки на Советот на Европа.
Во текот на сесијата ќе се одлучува и по барањето на Парламентот на Јордан за доделување на статусот партнер за демократија со Парламентарното собрание на Советот на Европа.
На сесијата свое обраќање ќе имаат претседателот на Бугарија Росен Плевнелиев и шефовите на државата и на Владата на Сан Марино Лорела Стефанели и Никола Ренци. Даниел Митов, министер за надворешни работи на Бугарија, ќе се обрати на Собранието во својство на претседавач со Комитетот на министрите, а генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд ќе има годишно обраќање.
Ново на Сител
-
ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата