Собраниска делегација на зимската сесија на ПССЕ во Стразбур
На зимската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, која се одржува во Стразбур, Франција, од денеска до 31 јануари ќе учествува собраниска делегација во состав Марија Петрушевска, како шеф и Бисера Костадиновска-Стојчевска и Беким Ќоку, како членови.
Како што соопшти собраниската прес-служба, меѓу темите за кои ќе се расправа во текот на сесијата се: апсолутната и итна потреба да се стави крај на хуманитарната криза за жените, децата и заложниците во Газа, потребата од обновен меѓународен поредок заснован на правила, набљудувањето на парламентарните избори во Грузија одржани во октомври 2024 година, имиграцијата како еден од одговорите на демографското стареење на Европа, решавањето на ризиците по човековите права и владеењето на правото презивикани од платениците и приватните воени и безбедносни компании и повик за сѐопфатна регулатива, жените во економијата, односно вработување, претприемништво и родово одговорно буџетирање, регулирање на умереноста на содржината на социјалните медиуми со цел заштита слободата на изразување и надминувањето на дискриминацијата врз повозрасните лица.
Според агендата, свои обраќања пред пратениците ќе имаат Неговата Светост, Вселенскиот патријарх Вартоломеј; Марко Бошњак, претседател на Европскиот суд за човекови права; премиерот на Луксембург, Лукс Фриден; како и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Ксавиер Бетел во рамките на Луксембуршкото претседателство со Комитетот на министрите на Советот на Европа. Пред Собранието ќе се обрати и генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсет.
Исто така, предвидено е презентацијата на Извештајот за мултиперспективноста во сеќавањето и образованието по историја да биде проследена со церемонија за комеморација на 80-годишнината од ослободувањето на логорот Аушвиц-Биркенау.
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.