Собраниска делегација учествува во набљудување на изборите во Унгарија

Пратеничките Моника Зајкова, шеф на Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) и Мимоза Муса, член на Делегацијата, учествуваат во Мисијата на ПС на ОБСЕ за набљудување на парламентарните избори во Унгарија, што се одржуваат денеска.
Како што соопшти собраниската прес-служба, мисијата се состои од повеќе 130 парламентарци од 37 земји на ОБСЕ, кои се распоредени за набљудување на изборите во повеќе региони на Унгарија. Специјален координатор на краткорочната мисија на ОБСЕ за набљудување на изборите во Унгарија е Саргис Канданјан, пратеник од Ерменија и претседател на Комисијата за демократија, човекови права и хуманитарни прашања на ПС на ОБСЕ, а шеф на набљудувачката мисија на ПС на ОБСЕ е пратеничката Рупа Хук, членка на делегацијата на Обединетото Кралство во ПС на ОБСЕ
Парламентарното собрание на ОБСЕ по четврти пат ги набљудува изборите во Унгарија. Набљудувачите на ПС на ОБСЕ тесно соработуваат со шефот на Мисијата на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОБСЕ/ОДИХР), Еоган Марфи (Ирска), неговиот тим од 15 меѓународни експерти со седиште во Будимпешта, 18 долгорочни набљудувачи распоредени низ земјата од 26 февруари 2026 година, како и околу 200 краткорочни набљудувачи распоредени на денот на изборите. Тимот на ПС на ОБСЕ, исто така, соработува и со Делегацијата од 32 парламентарци од Парламентарното собрание на Советот на Европа, предводена од Пабло Испан, пратеник од Шпанија.
Во пресрет на изборите, набљудувачите учествуваа на дводевни сеопфатни брифинзи со високи претставници на политичките партии и коалиции што учествуваат на изборите, со шефот и долгорочните набљудувачи на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, како и со претставници на изборната администрација, на граѓанските организации, на медиумите, аналитичари и експерти.
Мисија за набљудување на парламентарните избори во Унгарија треба да процени дали изборите се спроведуваат согласно демократските заложби содржани во Копенхашкиот документ на ОБСЕ од 1990 година, кои вклучуваат, меѓу другото, слободно гласање, фер и слободна изборна кампања, правичен пристап до медиумите, како и чесно и точно известување за резултатите.
Наодите на набљудувачите ќе бидат анализирани и вклучени во Изјавата со првични наоди и заклучоци, која ќе биде претставена на Заедничката прес-конференција на Меѓународната мисија за набљудување на изборите во Унгарија, што ќе се одржи на 13 април 2026 година, во 15 часот, во Будимпешта и ќе се пренесува во живо на веб-страницата на ПС на ОБСЕ (www.oscepa.org), стои во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-

Се предлага зголемување на помошта за новороденчиња: 18.450 денари за прво, 36.900 за второ и 52.275 денари за трето дете
-

Ги запалил дипломатските возила и побегнал - Поднесено обвинение за нападот пред Бугарската амбасада
-

„Ладна Вода“ нов партнер на македонските фудбалски репрезентации
-

Собрани три тона отпад во акција за чистење на булеварот „Борис Трајковски“
-

Јаневска: Ранг-листите за студентските домови се јавно објавени, тврдењата за нивно криење се дезинформации
-

Јавните обвинителства лани поднеле 334 повеќе обвиненија во споредба со 2024
-

Савески: Еден обвинител работи за тројца, но квалитетот на одлуките не е нарушен
-

74-годишен маж нападнат од неговиот син во Виница
