-->
-->
Сочуство од претседателот Пендаровски за загинатите во експлозијата во Истанбул
-->
– Претседателот Стево Пендаровски попладнево изрази сочуство до семејствата на загинатите во експлозијата во Истанбул, до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и до турскиот народ.
-Изразувам длабоко сочувство до семејствата на загинатите, претседателот Ердоган и турскиот народ во овие тешки мигови по денешната стравична експлозија во Истанбул. На повредените им посакувам брзо закрепнување, напиша Пендаровски на Твитер.
Како што јави турската телевизија НТВ, експлозија денеска нешто по 16 часот, по локално време, се случи во најпознатата улица и пешачка авенија во Истанбул, Истиклал, кога улицата била преполна. Во експлозијата има загинати и повредени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ние сме подготвени за разговори, со гаранции од ЕУ
-

Отворен базен во близина на „Партизан Карпош“
-

Прв џез фестивал во Струмица
-

Седум и пол години затвор за жената која ги уби сопругот и свекорот во Кратово
-

Охрид ја прослави европската титула на ГРК Охрид
-

Муртезани за Сител: Со Кошта ќе се разговара за планот за раст и Реформската агенда
-

Фетаи поднесе оставка
-

Фетаи поднесе оставка
