-->
-->
Сојузот на средношколци го поздрави договорот меѓу СОНК и Владата
-->
Сојузот на средношколци го поздрави постигнатиот договор меѓу СОНК и Владата на Република Северна Македонија. Велат дека се задоволни што двете страни го послушале нивниот апел и празничниот период го искористиле да постигнат компромис.
– Најраното можно враќање на учениците е во среда, што значи 10 изгубени работни дена. Затоа го повикуваме членството на СОНК во најбрз можен рок да го одобри договорот. Бараме од Министерството за образование и наука Сојузот да биде вклучен во одлучувањата за надомествувањето на пропуштениот материјал. Се покажа дека компромис е можен ако средношколците тоа го побараат, се наведува во соопштението од Сојузот на средношколци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Адвокатот кој стана министер за внатрешни работи | Панче Тошковски | Неформално | Sitel Podcast 059
-
Мајка го тепала синот и кршела по дома, таткото пријавил во полиција
-
Пронајдени куршуми во двор на гостиварско училиште
-
Силувана малолетничка која била пријавена за исчезната
-
Се утврдуваат причините за смртта на родилката од Куманово, новороденчето префрлено на скопските клиники
-
Голем пожар во фабриката за ајфон на компанијата Тата во Индија
-
Израелска армија: Убиен лидерот на Хезболах, Хасан Насралах
-
Британската влада ги повика своите граѓани веднаш да го напуштат Либан