-->
-->
„Солар Импулс 2“ тргна на лет преку Атлантскиот Океан
-->

Швајцарскиот пилот и авантурист Бертран Пикар со својот соларен авион, рано изутринава полета од њујоршкиот аеродром „Кенеди“ кон Европа преку Атлатскиот Океан, како последна етапа од неговиот план за експерименален лет околу светот.
Летот на авионот кој работи на сончева енергија „Солар Импулс 2“, е планирано да трае 90 часа, пред тој да слета во Севиља. Притоа, времето предвидено за одмор на пилотот, односно за спиење, е многу кратко.
„Сончевиот авион“ претходно го прелета и Тихиот Океан, за потоа, во април, од Калифорнија да долета во Њујорк.
Ова патување има за цел промовирање на користењето чиста енергија, и поттикнување на свеста за многубројните позитивни придобивки од тоа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„Секоја капка за Преспа” со проф. Петре Ламески, декан на ФИНКИ | Неформално | Sitel Podcast 146
-

Ангелов: Проблемот со водата во Гостивар е поради пропусти на локалната власт што траеле со години
-

Поради ерупцијата на Етна затворен аеродромот во Катанија: Најдолг прекин на авиосообраќајот на Сицилија од 2002 година
-

Во вторник терестричната дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Скопје
-

Санкционирани 72 возачи на лесни електрични возила низ државата
-

За една недела 1.576 прекршоци за брзо возење
-

Водата од водоводниот систем во Гостивар е безбедна за пиење
-

Јаневска: Квотите за упис се намалени на сите универзитети, завршува дистрибуцијата на учебниците во училиштата
