Солскјер: Воопшто не сме блиску до тоа што го сакаме
Серија од 15 последователни натпревари без пораз на сите турнири не значи дека Манчестер Јунајтед веќе го пронајде вистинскиот рецепт, изјави менаџерот Оле Гунар Солскјер на прес-конференција пред колото во Премиер лигата.
Тој истакна дека има многу простор за подобрување и се согласи со тезата на неговиот поранешен соиграч и сегашен аналитичар, Гери Невил дека на Јунајтед им требаат тројца или четворица играчи да се борат за титулата.
– Гери е во право за многу работи. Сè уште не сме на тоа ниво и рангот е доказ за тоа. Ние воопшто не сме блиску до тоа што го сакаме. Треба да бидеме поконзистентни во сè, треба да подобриме многу аспекти од нашата игра. Ние не ја потценуваме ситуацијата и не мислиме дека конечно ја најдовме вистинската формула, рече тој пред натпреварот против Борнмут.
Солскјер додаде дека очекува битката за место во Лигата на шампионите да продолжи до последниот судиски сигнал од сезоната.
– Последното коло ќе биде од витално значење. Имаме Челси против Волците и ние против Лестер. Не е важно дали Лестер се три бода пред нас, или ние пред нив. Натпреварот сепак ќе биде важен, додава Солскјер.
Ново на Сител
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера
-
Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев
-
Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време