Солунски обвинител предложи екстрадиција на Грујоски и Бошкоски

Да се екстрадираат во Македонија поранешните началници во Управата за безбедност и контра разузнавање, му предложил обвинителот на Советот на судии, според грчката новинска агенција АНА-МПА, на денешното рочиште во солунскиот суд.
Судењето беше прекинато, ќе продолжи в петок кога ќе биде соопштена и конечната одлука. Грчката новинска агенција, повикувајќи се на свои информации, објавува дека одбраната на Грујоски и Бошковски тврдела дека не станува збор за вистински обвиненија.
- Според информациите, кога беа повикани да дадат исказ зошто не сакаат да бидат екстрадирани во ПЈРМ, изразија „страв за нивните животи“, додека пак тврдеа дека во нивната земја „нема да добијат фер судење“. Исто така ги негираа обвиненијата за кои што се товарат и го карактеризираа „политички“ нивниот прогон, пишува државната агенција АНА-МПА.
Минатата седмица, на рочиштето, едниот од адвокатите на поранешните началници во Управата за безбедност и контра разузнавање побара судењето да биде затворено за јавноста, поради заштита на лицата за кои се бара екстрадиција.
- Нивната заштита е поважна од публицитетот, рекол минатата среда, адвокатот Костас Хаѕијоану, според грчката новинска агенција АНА- МПА. Ова негово барање според АНА-МПА тогаш го поткрепил со тврдењето дека Грујоски и Бошковски во нивната земја се изложени на ризик од закани и прогон.
Затоа и денешното рочиште, кое што беше продолжение на минатонеделното, беше затворено за јавноста и медиумите.
Во случај советот на судии в петок да одлучи Горан Грујоски и Никола Бошковски да бидат екстрадирани во Македонија, тие, според грчките закони, ќе имаат право на жалба во Врховниот суд во Атина.
Освен за екстрадицијата, Грујоски и Бошковски имаат уште два други процеси во Грција, независни еден од друг. Едниот е за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на солунскиот аеродром. Судењето по три одложувања, ќе се одржи на 17 мај следната година. Другиот случај е по поднесеното барање за азил на 29 ноември, процес кој може дополнително да ја забави евентуалната позитивна одлука за екстрадиција во Македонија.
Ново на Сител
-

Потврдено обвинението против обвинетите за трагедијата на железничката станицата во Нови Сад во 2024 година
-

Пожар кај Автобуската станица во Велес зафати шест возила, интервенираа пожарникарите
-

Основана Кинеско-македонска стопанска комора: Ново поглавје во пријателството и економската соработка меѓу двете земји
-

Претрес во виничко, уапсени две лица, пронајдени дрога и пушка | ФОТО
-

Европа регистрираше 10 илјади дополнителни смртни случаи за време на топлотниот бран
-

Уапсен 27-годишник од Тетово, возел 179км/ч на место каде дозволено е 80
-

Зголемен бројот на странски туристи, најмогу се од Турција, Германија, Србија и Бугарија
-

Мицкоски: Со реконструкцијата на Владата нова енергија, ново темпо и уште поголема одговорност
