Сомалија погодена од страшни поплави: Ова се случува еднаш во сто години

Сомалија е погодена од природна катастрофа што се случува еднаш во сто години, оценија Обединетите нации за поплавите што принудија стотици илјади лица да ја напуштат оваа и соседните земји во Источна Африка, по долгата историска суша во овој дел од „црниот“ континет.
Околу 1,6 милиона лица во Сомалија би можеле да бидат погодени од силните сезонски дождови, што можат да се влошат од комбинираното влијание на двата климатски феномени: Ел Нињо и Диполот во Индискиот Океан, соопшти вчеравечер Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA).
Во поплавите во Сомалија, што почнаа по обилните дождови во октомври, веќе загинаа најмалку 29 лица, над 300.000 се принудени да ги напуштат своите домови, а градовите и селата во северна Кенија се поплавени.
Поплавени се и камповите за раселени лица поради исламистичкиот бунт и најголемата суша во последните четири децении, соопштија хуманитарните групи.
И натаму остануваат веројатни раселувањата од поголеми размери, зголемените хуманитарни потреби и натамошното уништување на имотот, оцени OCHA, додавајќи дека може да бидат уништени околу 1,5 милиона хектари земјоделско земјиште.
-Екстремните временски услови поврзани со Ел Нињо ризикуваат дополнително да ги зголемат хуманитарните потреби во веќе ранливите заедници во Сомалија и многу други места, вели Мартин Грифитс, заменик на генералниот секретар, координатор на ОН за хуманитарни прашања и итна помош.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Од историското наследство до денешните предизвици одбележан 23 Октомври
-

Доделена државната награда „23 Октомври“
-

Цените на енергенсите растат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања
-

Вакцинацијата со БСЖ за новороденчиња против туберкулоза ќе продолжи за 10-тина дена
-

До 2028 треба да се реконструира сала „Македонија“ во Прилеп, за Универзална сала ќе се прави елаборат за статиката
-

Од идеја до незавосност - Охрид го одбележува 23 Октомври
-

„Македонска ослободителна мисла 1893-1991“- непрекината 100 годишна идеја за создавање држава
