Сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 35 до 42 степена. УВ-индексот ќе биде 9.
Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло. Минималната температура ќе се спушти до 20, а
максималната ќе достигне до 40 степени.
Во наредните денови, како што информира УХМР, продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа ќе надминува 40 степени поради што до крајот на следната работна седмица ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од
високи температури.
Во недела во попладневните часови во западните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.
Ново на Сител
-
Кршел по дома и фрлал предмети кон полицајци, приведен жител на Драчево
-
Ќерка го истепала својот татко
-
Пожар во стан во Аеродром, едно лице повредено
-
Жената лидер – жената бизнисмен | Ирена Јакимова | Личен развој | Sitel Podcast 064
-
Во Словенија деактивирана бомба од 104 килограми од Втората светска војна
-
По сообраќајката нормализиран сообраќајот на патниот правец Кичево - Гостивар
-
Суспензии и парични казни за Работнички и МЗТ Скопје Аеродром
-
Застапувал странки иако адвокатската функција му била во мирување, кривична за охриѓанец