Македонија
13. September 2023 - 12:07

Сончево и топло и во наредните денови, повремено со пороен дожд и грмежи

Топлото време ќе се задржи и во следните денови. Во петок во попладневните часови ќе има локална појава на краткотрајна нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. За време на викендот ќе преовладува сончево со повремена умерена облачност и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи претежно на југоистокот, соопшти УХМР. 

Минималната утринска температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а макаималната денвна ќе достигне до 34 степени.