Сончево и топло време, попладне дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во југозападните и западните делови ќе има локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Утринската температура во земјава ќе биде во интервалот од 13 до 21, а дневната од 29 до 36 степени. УВ = 8.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе достигне до 35 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:
Утре и до средината на идната недела ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови во западните и југозападните делови ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во понеделник.
Ново на Сител
-

Пресврт на СП2026: Јужна Кореја ја совлада Чешка
-

Уапсени четворица турски државјани во Скопје поради нерегулиран престој
-

Најмногу дожд во Тетово и Крушево
-

Од денеска обука за мотоцикл до 125 кубни сантиметри за возачите со Б категорија
-

Без струја повеќе делови од Скопје
-

Во Собранието Јавна расправа по Предлог на законот за оружјето
-

Во Мексико започна најголемото Светско првенство во историјата
-

Муцунски ќе учествува на бизнис форум во Истанбул
