Сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер

Сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец, најавија од Управата за хидрометеоролошки работи за во текот на денов.
Се очекува минимална температура во интервал од 8 до 18, а максимална од 30 до 35 Целзиусови степени.
Според синоптичарите, во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 Целзиусови степени.
За време на викендов, како што е најавено, претпладне времето ќе биде претежно сончево и топло со мала локална облачност, а во попладневните часови ќе има услови за појава на краткотрајна локална нестабилност.
Од почетокот на работната седмица пак, во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
МИА
Ново на Сител
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
-

Откриена голема римска бања кај прилепскиот локалитет „Долиште“ - кој антички град се крие тука?
