Сончево со мала до умерена облачност
– Во одделни котлини денеска претпладне ќе има магла или ниска облачност. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје претпладне со услови за појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до седум степени, а максималната ќе достигне до 18 степени.
До петок времето ќе биде стабилно и претежно тивко со магла по одделни котлини. За време на викендот ќе биде ветровито со зголемена облачност и повремени врнежи од дожд, а дневната температура позначително ќе опадне.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Исправени пред нова борба, еднакво значајна како создавањето на татковината
-
Локалните власти прогласија вонредна состојба поради пожарите кај Сребреница
-
Почна свечената академија по повод Денот на независноста - 8 Септември
-
Либија: Уапсен командант на милиција по убиството на криумчар на луѓе
-
Приведен криминалец баран со потерница за казна затвор од три години
-
Тројца Израелци убиени во вооружен напад на граничен премин меѓу Израел и Јордан
-
ИДФ: Повеќе од 50 ракети истрелани од Либан врз северниот дел на Израел
-
АХВ казни нерегистрирани производители на сирење во Прилеп и Скопје