Сончево со облачност и локален дожд
Времето претпладнево ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува и ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег.
Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде, а во западните делови ќе бидат пообилни и ќе преминуваат во снег и на повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер, во јужните делови од југоисточен, а во северните од североисточен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од -5 до 0, а максималните од 9 до 15 степени.
Во Скопје, синоптичарите најавуваат дека времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува, а во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималните температури ќе се спуштат до -2, а максималните ќе достигнат до 13 степени.
Од УХМР најавуваат дека под влијание на влажен и студен воздушен бран утре времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места со врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови. Врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. До понеделник снежната покривка на планините значително ќе се зголеми, а нова ќе се формира на повеќе места, особено во западните делови каде локално ќе наврнат и над 20 см нов снег. Во понеделник на места ќе провејува снег со послаб интензитет. Од недела до среда ќе дува засилен северен ветер, а температурата значително ќе се намали.
Ново на Сител
-

Муцунски: Во тек разговори со земји членки на ЕУ за летните гранични метежи
-

Владата ја почна кампањата „Мај - месец на Европа“ во соработка со европските партнери
-

Јаневска: Испративме допис до училиштата на големите и малите одмори да има дежурен наставник
-

Станков: Кај 33 жртви од „Пулс“ пронајден цијанид – но не е причина за смртта
-

Чупиќ: Во оваа сала е многу тешко да се игра, сите не почитуваат
-

Работник тешко повреден од струен удар во Куманово
-

Кривична за четири малолетнички за ученичкото насилството Ѓорче Петров, пријави ќе добијат и нивните родители
-

Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков пуштен на условен отпуст
