Сообраќаен полицаец во обид да запре возило удрен од истото на „Првомајска“
Сообраќаен полицаец е тешко повреден откако доцна синоќа бил прегазен на ул. Првомајска кога се обидел сопре возило поради брзо возење.
Полицаецот му дал знак на возилото кое се движело со поголема брзина од дозволеното, но наместо да застане, возачот продолжил со истата брзина при што го прегазил службеникот.
Од МВР велат дека тој е пренесен на Клинички, а фатени и уапсени се возачот на возилото и сопатникот.
„Полициски службеници ги лишиле од слобода А.Д.(19) и К.М.(21), двајцата од Скопје, затоа што околу 01.00 часот на бул.„Борис Трајковски“ со возило „цитроен берлинго“, кое го управувал А.Д., а сопатник бил К.М., удриле и повредиле полициски службеник кој извршувал службени дејствија во областа на сообраќајот (мерење со радар), по што побегнале од местото. По преземени мерки тие биле пронајдени и приведени во полициска станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.
Ново на Сител
-
Разрешен директорот на Агенцијата за разузнавање
-
Тема на денот со Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ
-
Бајдевски засега останува во трката
-
Петровска се повлече од трката за претседател на СДСМ, обвинува за нефер изборен процес
-
Прва владина седница
-
Балансерот заминува во историјата, со ова се поткопува Охридскиот договор - Реагира ДУИ
-
По Главчев и Мицотакис се жалел во Брисел дека Македонија не ги исполнува обврските
-
Преполовен бројот на Македонци во Албанија, првпат потпишани и Бугари