Македонија
3. February 2018 - 19:40

Сообраќајка кај Расадник, повредени четири лица

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа на две возила што се случи попладнево на булеварот „Борис Трајковски“ во скопската наслеба Кисела Вода.

Како што изјавија за МИА од МВР, сообраќајката се случила во 17:50 часот помеѓу возила „ауди“ и „сеат“, двете со скопски регистарски таблички. 

- Во сообраќајната незгода повредени биле четири лица коишто биле пренесени во Клиниката по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, наведуваат од МВР. 

Увидот на местото на сообраќајната несреќа е се уште во тек.