Македонија
23. December 2021 - 18:26

Сообраќајот на патот Струмица-Радовиш пренасочен по стариот пат

Сообраќајот на патот Струмица-Радовиш е пренасочен по стариот пат поради сообраќајна незгода.

Сообраќајката, како што информира попладнево Авто мото сојузот на Македонија, се случила кај месноста Градошорска крстосница.