Соперниците на Блумберг го обвинуваат дека сака да го купи гласањето на изборите
На помалку од една недела пред првичните избори во американската сојузна држава Невада, дел од демократските кандидати за претседател критиките ги фокусираа врз својот соперник Мајкл Блумберг, кој дури нема ни да учествува во гласањето во оваа држава, пренесоа американските медиуми.
Берни Сандерс, Џо Бајден, Ејми Клобучар и Пит Бутиџиџ го обвинија милијардерот Блумберг дека се обидува со парите што ги поседува да си го истрасира патот до победа на партиските избори, пренесоа агенциите.
-Си замислува дека може да ги купи овие избори. Е, имам вест за господинот Блумберг: на Американците преку глава им е од милијардери кои ги купуваат изборите, изјави Сандерс на митинг во Карсон сити, во државата Невада.
Блумберг одлучи да не учествува во првичните избори на демократите во првите неколку држави и место тоа се фокусираше на 14-те држави кои гласаат на „Супер вторникот“, закажан за околу две недели.
Тој досега потрошил 417 милиони долари сопствени средства за реклами на национално ниво, досега незабележена висока сума за кандидат во првичните избори.
Во интервју за Си-Би-Ес, Ејми Клобучар, пак, го обвини Блумберг дека избегнува тешки прашања, а етерот го преплавува со реклами и избегнува да учестува во дебатите или на неудобните телевизиски интервјуа
-Мислам дека тој треба да учествува во телевизиските интервјуа и дека е редно да учествува во дебатите. Никогаш нема да го тепаме во етерот ( со реклами), но можам да го победам на сцената на дебатите, рече таа.
Во интервју за Ен-Би-Си, Џо Бајден ја критикуваше поддршката на Блумберг за произволните претреси на црнците и неговите коментари дека одбивањето на банките да им доделат кредити на црнците придонело за финансиската криза.
Бутиџиџ го спореди Блумберг со Трамп на прашање за информациите за сексистички коментари на Блумберг кон жените и тврдењата дека ја поддржал култура на сексизам во својата компанија.
-Сега е време кога избирачите бараат претседател кој може да не изведе од дното, кога беше вообичаено или прифатено да има такви сексистички или дискриминациски коментари. Сега имаме можност да направиме нешто поразлично, рече Бутиџиџ.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп