-->
-->
Сопруг на пациентка се заканувал на медицинска сестра во штипската Клиничка болница
-->
Во штипската Клиничка болница вчера медицинска сестра добила закани од сопруг на пациентка. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека случајот кај нив е пријавен од страна на болницата.
-Поради недоразбирање за закажан термин, сопруг на пациентката Е.М. се однесувал агресивно и упатувал закани кон медицинска сестра која била на работното место. По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, вели Панајотова.
Таа информира дека вчера на работно место бил пријавен и пекар кој се здобил со повреди на работа во Свети Николе.
Станува збор за 53 -годишниот М.Т, кој веднаш бил пренесен во штипската Клиничка болница, а увид во пекарата извршила екипа на Полициска станица од Свети Николе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Детален список: Што поевтини, а кои производи поскапеа со есенската кошничка?
-
Платата во август повисока за 2 евра од јулската
-
Гаши доби кривична пријава од Левица за бранителите
-
ДУИ од утре на средби со граѓани
-
Антикорупциска отвори предмет за назначувањето новиот директор на АНБ, Бојан Христовски
-
230 луѓе останаа без дипломатски пасоши, меѓу нив и претседателот на ФФМ
-
До крајот на месецот средба на мешовитата македонско–бугарска историска комисија
-
Судскиот совет одлучи: Јавен укор за судијката Спировска-Панева