Сопружници фатени како откопуваат дрога која претходно ја закопале
Денеска (22.08.2024), по преземени оперативни мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишија од слобода Е.И.(41) од с.Нов Караорман, а со престој во Штип и нејзиниот сопруг Н.Д.(52) од Штип, соопшти МВР.
Како што појаснуваат оттаму, околу 11.00 часот на место викано "Шумска куќа" на патот за с.Шашаварлија, лицата пристигнале со патничко возило "фолксваген пасат" со штипски регистарски ознаки, од кое излегла Е.И.. Откако ископала наркотична дрога, која претходно ја закопале, таа веднаш била лишена од слобода и спроведена во СВР Штип, а дрогата била одземена. Притоа, Н.Д. со возилото го напуштил местото и покрај издадената наредба да застане и испуканиот предупредувачки истрел во воздух. Набргу, по преземени мерки, и тој бил пронајден и лишен од слобода.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
СДСМ: 0% ДДВ на храната
-
Владата останува посветена на борбата против корупцијата
-
Македонија подготвува нов пакет помош за Украина
-
Ќе се шири истрагата за Грчец
-
Нема пензионерски домови
-
Агелер: Заедно ќе го чекаме победникот
-
Преглед на вестите од светот
-
Советите се правдаат, невладините велат лоша порака се назначувањата