Соработка на катастрите од Македонија и Албанија

Македонија и Албанија ќе разменуваат податоци од пограничните станици од мрежите за глобално сателитско позиционирање и навигација во согласност со европските препораки за прекугранична соработка и размена на податоци од областа на геодезијата (ЕУФЕР).
Со денеска потпишаниот договор меѓу катастрите на двете држави, предвидена е размена на податоци од пограничните ГНСС станици во Дебар, Охрид и Битола од македонскиот позициски систем МАКПОС со таквите станици во Корча, Либражд и Кукс од албанскиот позициски систем АЛБПОС.
- На овој начин без дополнителни инвестиции во опрема, софвер и комуникации и двете држави постигнуваат целосно мрежно ГНСС покривање и создаваат предуслови за постигнување хомогена точност во постапките на премерување на целата своја територија, вклучувајќи ја тука и пограничната зона, рече на потпишувањето на договорот директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески.
Според Трпески, со размената на податоците ќе се подобри квалитетот и точноста на геопросторните податоци кои се добиваат со примена на ГНСС методите на премерување. Во однос на традиционалните геодетски методи, посочи, се поточни, побрзи и поекономични, што е од големо значење за приватниот геодетски сектор од аспект на намалување на времето и трошоците на премерот и на бројот на ангажираниот кадар.
- Улогата и значењето на сателитскиот систем за глобална мрежа е премногу голема не само за зголемување на точноста на мерење, туку и во другите области, како управување со земјиште, планирање урбан развој, изградба на објекти и инфраструктура, авијација, сообраќај и патишта, геодезија, метеорологија, водни ресурси, шуми и пасишта..., рече Илиријан Мухо, директор на Централната канцеларија за регистрација на недвижен имот на Албанија.
Технологијата за тридимензионална контрола, додаде, ги зголемува можностите и нивните придобивки на повисоко ниво. Колку повеќе решенија постојат за корисници толку поедноставен е процесот на работа и побргу се случува растот на пазарот, рече Мухо.
Со поврзувањето на МАКПОС и АЛБПОС системите, како што рече Трпески, се отвораат и нови можности за заедничко учество во реализација на разни билатерални, регионални и меѓународни проекти.
Ново на Сител
-

Од полноќ безнините поскапи за еден денар, цената на дизелот не се менува
-

Министерство за транспорт: Во дијалог со ЕК се операционализираат решенија за барањата на македонските превозници
-

Возеле иако имале забрана, едниот и под дејство на алкохол, приведени возачи во Тиквешко
-

27-годишен неготинец физички ја нападнал својата 19-годишна невенчана сопруга
-

Камион на магистрален пат усмртил 75-годишен дедо од струшко кој бил пријавен за исчезнат
-

Лани околу 12.000 Македонци работеле во Хрватска, најмногу во туризмот
-

Удрил во куче, изгубил контрола па се судрил со возило во спротивна лента, загина 25 годишник од Крива Паланка
-

Законот за заштита од пушење не се одложува, велат од МЗ
