Состанок на директорите на средните училишта во Гостивар за поголема безбедност и толеранција
Директорите на четирите средни училишта во Гостивар и отсекот за превенција при СВР Тетово имаа заеднички состанок на кој се зборуваше за досега преземените мерки, превентивните проекти и прашања од безбедносен карактер.
Средбата беше на иницијатива на СВР Тетово и општина Гостивар и е дел од активностите непосредно поврзани со превентивно-едукативниот проект „Безбедни училишта-за меѓуетничи соживот и толеранција“
– Претставниците на Отсекот за превенција, ги запознаа присутните на состанокот со досегашните и планираните идни превентивни активности со кои беа и ќе бидат опфатени средните училишта во Гостивар. Тие имаат за цел навреме да се препознаат и отстранат можните причини за нарушувања на јавниот ред и мир, рече Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.
Раководителите на училиштата го поздравија зголеменото полициско присуство во периодот пред и по завршувањето на наставата и посебно во меѓусмените. Тие, исто така, побраа тоа да продолжи во текот на целата учебна година.
Заедничка оценка од состанокот беше координирано да се партиципира и придонесе за поголема безбедност на учениците, не само додека се на настава, туку и воопшто, по завршувањето на часовите и заминувањето кон нивните домови. Ваквите активности во значителна мера го намалија бројот на нарушувања на јавниот ред и мир и тепачки кои претходно се случуваа меѓу средношколците.
Ново на Сител
-
Со „голф“ на место каде е дозволено 40 возел 108, уапсен 21 годишник од Липково
-
ОЈО: Претреси на пет локации за пожарот во Кочани
-
Со фантомки и пластични пиштоли одзеле 650 илјади денари од „Нептун“- обвинение за две лица
-
Николоски: Направени контроли на над 3 100 лиценци, во постапка на одземање се 479 поради неправилно работење
-
Мицковски: Жалам што мораше ова да се случи за сите да се освестат дека работите повеќе од три децении биле погрешни
-
Шест мигранти држени во заложништво во Студеничани
-
ИВАП: Да им помогнеме на нашите колеги и семејства на настрадани во пожарот во Кочани
-
До крајот на март ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд