Состанок на министрите за одбрана на НАТО, меѓу нив и Мисајловски

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во седиштето на НАТО во Брисел учествува на состаноци на Северноатлантскиот совет на ниво министри за одбрана, на кои во фокус се колективната одбрана, инвестициите во одбранбените капацитети и подготовките за претстојниот Самит на Алијансата.
На состаноците, како што е најавено, ќе стане збор за зацврстување на одбранбените способности на НАТО преку континуирано вложување во одбраната, развој на вооружените сили и јакнење на одбранбената индустрија.
Во текот на денот, Мисајловски ќе учествува и на состанокот на Контакт-групата за Украина, каде се очекува земјите членки и партнерите да ја потврдат поддршката за Украина и да разговараат за понатамошна координација на помошта во одбранбениот сектор.
МИА
Ново на Сител
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
-

Стартуваа камерите Безбеден град
-

Алиу - реновираните сали на хируршките клиники ќе проработат на почетокот на јули
-

Серија земјотреси во Венецуела по двата смртоносни - бројките на загинати и повредени континуирано растат
