Состанок на националниот инвестициски комитет, разгледана листата со приоритетни проекти
Изградба на новиот автопат Гостивар -Кичево, дел од Коридорот VIII, прва фаза од изградбата на автопатот Букојчани-Кичево во должина од 13 KM како и за реконструкција на автопатот Крива Паланка –граничен премин Деве Баир - Република Бугарија, дел од Коридорот VIII во должина од 13 KM се предлог проекти на листата која ги задоволуваат барањата на Инструментот инвестициска рамка за земјите од Западен Балкан во согласност со ЕУ Агендата за поврзување и Програмата за работа на Владата 2017-2020 година.
Листата, како што соопштија од Кабинетот на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, е разгледана денеска на координативниот министерски состанок на Националниот инвестициски комитет кој го предводат Османи и вцепермиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
Како што се наведува во соопштението, на состанокот Османи изразил благодарност на донаторите за учеството и интересот за донирање на средства за проектите.
- Наша обврска е да испорачаме што е мошно поголема апсорпција на средствата предвидени за инфраструктурно и енергетско поврзување на земјите од Западен Балкан. Тоа е основа за поголема меѓусебна соработка, побрз економски развој, но и најдобар начин за премостување на политичките разлики и затворање на отворените прашања меѓу соседите, истакна Османи на состанокот, потенцирајќи ја важноста на реализацијата на фондовите на Европската Унија за Македонија.
Тој истакна дека историскиот период во кој се наоѓаме на патот кон европската интеграција, во кој Македонија мора да направи исчекор при имплементацијата на реформите од Планот 3-6-9, поддршката за големите инфраструктурни проекти значи поддршка за европските перспективи на нашата земја.
Националниот инвестициски комитет (НИК) е советодавно тело во кое на транспарентен начин се рангирани стратешки инфраструктури проекти. Ова тело е формирано со цел подобро да се планираат проектите, да се одредува нивниот приоритет и да се распределуваат средствата за транспортната инфраструктура и енергетска поврзаност на земјата со земјите од Западен Балкан во рамките на Инвестициската рамка за Западен Балкан.
Ново на Сител
-
Маж и жена од Македонија се заглавиле во заливот Филикури, ги спасиле полицајци
-
Дубровник под вода по силното невреме | ВИДЕО
-
Дошла кај него за да му раскине, а тој ја нападнал и се обидел да ја силува
-
Маж со пушка си го бранел насадот со пченка од диви свињи
-
Кумановка нападната од синот
-
Кривична пријава за девет лица затекнати во незаконска сеча на дрва
-
Невремето „Атена“ ќе ја зафати Грција – предупредување за опасни временски појави
-
ЦУК: Под контрола пожарот во Мариово, активни вкупно пет пожари