Состојба на патиштатa

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од
државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Почнувајќи од 08.4.2023 година, патниот правец Охрид - Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за возила со дозволена носивост до 3.5 тони.
РАБОТИ НА ПАТ: ДТГ Жикол Доол известува дека од ден 10.5.2023 г. поради вршење на градежни активности на делницата Струмица – Дабиље, ќе биде поставен времен режим на сообраќај.
Од ден 08.05.2023 г. започнуваат градежни активности на објект: Поставување на заштитна звучна ограда на автопатот А2, делница Скопје -Тетово, од страна на фирмата изведувач ДГПТУ Битем Дооел Скопје согласно склучениот договор помеѓу договорниот орган Јавно претпријатие за државни патишта и фирмата изведувач ДГПТУ Битем Дооел Скопје. На трасата на која ќе се изведуваат градежните работи ќе има времен режим на сообраќај.
Од ден 26.04.2023 г. започнуваат градежни активности на Државен пат А1, во насока од Демир Капија кон Неготино, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај со целосно затворање на автопатот на клучката Демир Капија, а сообраќајот ќе биде пренасочен на Регионалниот пат Р1102.
Почнувајќи од 06.03.2023, на автопатот А1, делница Петровец – Катланово, започнуваат градежни активности поради што има изменет режим на движење на возилата. Сообраќајот се одвива непречено и се препорачува внимателно пристапување.
Според информација од ДГТ Жикол, поради изведување на градежни работи на државен пат А2, делница Миладиновци – Хиподром, сообраќајот на автопатот ќе се одвива според времен режим.
Поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново, на државен пат А1, делница Велес - Неготино, ќе се применува времена измена на режим на сообраќај. Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопат Е-75. Сообраќајот ќе се одвива непречено, со брзина од V=80km/h во зона на градилиште. Режимот ќе се применува се до целосна изградба на новата клучка Градско.
Ново на Сител
-

Тошковски: Жената треба да се чувствува најбезбедно во својот дом, со новиот закон се предвидуваат и електронски алки за насилниците
-

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
-

Трамп: На САД не им треба договор со Иран
-

Трамп се закани со двојно зголемување на царините ако Мексико не го запре мигрантите
-

Криминална организација во Солун шверцувала над 17 милиони цигари и незаконски се стекнала со 1,36 милиони евра
-

По аферата со кинеска шпионка, оставка на извршниот директор на „Енвидија“
-

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
-

Инвестирани над 40 милиони денари за Стоматолошкиот клинички центар „Св. Пантелејмон“
