Состојба со Ковид-19 во светот до 10 часот
Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.349.660 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 74.816, а оздравеле 286.664 луѓе.
СЗО објави соопштение во кое се вели дека наскоро ќе објави нови упатства за употреба на заштитните маски. „Ако треба да се носат маските, тогаш мора тоа да биде безбедно и соодветно. СЗО има нови упатства и ќе ги објави наскоро во врска со носењето маски, нивно отстранување и фрлање во смет. Истражувањата се доста ограничени во оваа област, но ние ги охрабруваме земјите што размислуваат да воведат задолжително носење маски за да ја испитаат нивната ефикасност. Маските не можат да запрат пандемија. Државите се уште треба да бараат, да ги тестираат и изолираат луѓето заразени од коронавирус , рече Тедрос Аданом, генерален директор на СЗО.
Унгарија – Девет пациенти починале од Ковид-19 во изминатите 24 часа во Унгарија, а вкупно 47 лица починаа досега од појавата на епидемијата. Вкупниот број регистрирани случаи на заразени со новиот коронавирус во Унгарија е 817, а во моментов има скоро 15.000 граѓани под сомнение дека се заразени во домашен карантин.
– Од вчера, во Швајцарија се пријавени 552 нови случаи на заразени. Ова е намалување на бројот на нови случаи, бидејќи претходниот ден се регистрирани 822 нови случаи. Вкупно 21.652 лица се заразени во Швајцарија. Починале 584 лица.
– Министерот за здравство на Нов Зеланд, Дејвид Кларк, изјави дека е „идиот“ откако ги прекрши правилата за изолација и се возеше со семејството до крајбрежје. „Во моментите кога ги замоливме нашите сограѓани да направат историска жртва, сите ги изневерив. Бев идиот“, рече тој. Неговата оставка беше одбиена, но е деградиран на пониска функција.
– Јужна Кореја има регистрирано помалку од 50 нови случаи на инфекција со коронавирус веќе втор ден по ред. Во последните 24 часа имало 47 нови случаи, од кои 13 биле во епицентарот на инфекцијата. Досега во Јужна Кореја се пријавени 10.331 случаи, со 192 смртни случаи.
– Во Црна Гора утрово се потврдени шест нови случаи на заразени со новиот коронавирус, и сега има вкупно 239, соопшти Институтот за јавно здравје. Шест нови случаи се откриени со анализа на 104 примероци.Новозаболени се од Подгорица (3), Никшиќ (2) и Бар (1). Сите контакти се претходно потврдени случаи.
Најмногу има во Подгорица – 118, Никшиќ со 30 и Бар со 20 пациенти.
Ново на Сител
-
Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот
-
Интерпелациите за Судскиот совет на седница до 10 март
-
Предлогот за разрешување на Коцевски патува кон Советот на Јавни обвинители
-
Резолуциите во Обединетите нации и денеска причина за обвинувања помеѓу власта и опозицијата
-
Зеленски во петок кај Трамп
-
Мицкоски: Маркетите кои картелски се здружуваат, ќе одговараат
-
Значајна инвестиција
-
Дисциплинска комисија ќе утврдува зошто доктор уролог „хистерично“ викал во амбулантите на клиниката