Состојба со Ковид-19 во светот до 20 часот
Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 215.519 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 8.892, а оздравеле 84.328 луѓе.
– Франција пријави уште 89 смртни случаи од Ковид-19. Со ова вкупниот број на починати достигна 264. Во земјата се регистрирани вкупно 9.134 заразени лица, 1.404 повеќе од вчера.
– Израелските власти забранија влез за сите странци, освен за државјани на Израел.
– СЗО: Африка мора да се разбуди и да се подготви за лошо сценарио поради ширењето на новиот коронавирус.
– Претседателот на Перу прогласи ограничено движење во државата во текот на ноќта.
– Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека новиот коронавирус е „најголем предизвик за Германија од Втората светска војна“.
– Во Британија од петок се затвораат сите училишта во обид да се спречи ширењето на Ковид-19.
– Во Србија до 18 часот се регистрирани вкупно 89 случаи на Ковид-19.
– Калифорнија соопшти дека 15 лица починале од вирусот во оваа сојузна држава.
– Кина ќе испрати повеќе од два милиони заштитни маски во Европската унија која стана епицентар на пандемијата на коронавирусот, најави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен.
– Три големи произведувачи на автомобили привремено ги затвораат сите фабрики поради коронавирусот. Се работи за Форд, Крајслер и Џенерал Моторс.
– Повторно е овторено тргувањето на њујоршката берза.
– На Куба е регистриран првиот смртен случај од новиот коронавирус. Почина италијански турист на возраст од 61 година. Потврдени случаи на заразата во Куба досега се 10.
Ново на Сител
-
Утрово најстудено во Берово, измерени -6 степени
-
Во вооружен напад во бар во Мексико 10 убиени и седум повредени лица
-
Претерување со шеќер и сол е штетно по здравјето
-
Стојановски освои сребро на Европското првенство во таеквондо за кадети
-
Македонските ракометари и гостуваат на Литванија
-
Путин го потпиша законот за взаемна одбрана со Северна Кореја во случај на воен напад
-
Трамп: Хејли и Помпео нема да бидат дел од новата администрација
-
Состојба на патиштата