Македонија
25. February 2026 - 12:24

Совет на јавни обвинители: Не е во ред Филков да ги прозива судиите и обвинителите со име и презиме

Претседателот на Советот на јавни обвинители, не сакаше да ги коментира прозивките од министерот за правда велејќи дека тоа е негов личен став, но не било во ред да ги прозива со име и презиме обвинителот и судијата кои одлучувале за куќниот притвор на Груби.

Претседателот на Советот вели, тоа е одлука на обвинителот, а тие како Совет не можат да расправаат се дури нема дисциплинска постапка против него.

Надлежноста е кај Основното и Вишото јавно Обвинителство.