Совет на странски инвеститори: Македонската економија на прав пат

Македонската економија е на прав пат и се движи со солиден чекор напред иако во однос на претходните шест месеци бележи мало опаѓање поради политичката и бегалската криза, како и поради ситуацијата во Грција.
Ова е генералната оценка што денеска ја изнесоа Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, Меѓународниот монетарен фонд во Скопје и Канцеларијата на Светска банка.
- Македонската економија расте, особено приватниот сектор. Наивно е да се верува дека политичката ситуација нема влијание, но оној што решил да прави бизнис тука, нема да се откаже зашто освен политичките, ги земал предвид и сите останати фактори, изјави претседателот на Советот Штефан Петер по презентацијата на последните извештаи на ММФ и Светска банка за резултатите и проекциите за развој на македонската економија во Комората.
Според претставникот на ММФ Патрик Житон, Македонија може да воведе среднорочни фискални цели. - Тема на извештајот беше структурата на буџетот, како таа да се направи погодна за пораст и инвестици, како да се дојде до продуктивно трошење во однос на здравството, инфраструктурата,..., рече Житон.
Претставникот од Канцеларијата на Светска банка Бојан Шимбов смета дека добродојдени се политики кои поттикнуваат забрзан раст во наредните години кои ќе доведат до креирање нови, подобри работни места. - Проекциите на Светска банка за 2015 година се 3,2 процента што е солиден раст во рамките на регионот. Како што е напоменато за регионот, невработеноста се уште останува структурен проблем, особено невработеноста на младата популација, рече Шимбов.
Извештаите на ММФ и Светска банка се однесуваа на состојбите во централна и југоисточна Европа, вклучувајќи ја и Македонија. Во регионот овие институции бележат забрзан економски раст поттикнат од зголемената побарувачка и извозот.
Ново на Сител
-

Полицаец во обид да избегне лисица паднал со службен мотор на Водно
-

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција
-

АХВ: Не сме дале изјава дека вчера заловеното животно во Козле е куче, а не волк
-

Паника и недостиг од излези во „Пулс“, стои во пишаните сведоштва на две девојки, одбраната побара да не се прифатат овие докази
-

Јаневска по случајот со повредениот ученик: Неопходна е секторска соработка, но и родителите да посветат внимание на своите деца
-

ВМРО-ДПМНЕ е промакедонска партија, тоа што СДСМ одамна го изгуби својот идентитет е нивен проблем со кој брзо ќе се соочат на избори, вели Мицкоски
-

Љупчо Николовски повикан во полициска станица, тврди дека случајот е политички монтиран
-

Финтек револуција во Македонија: Flex Pay официјално доби лиценца за издавање електронски пари од Народната банка
