Совети за поздрав и поцврст сон
Научниците меѓу 2014 и 2017 година спровеле неколку експерименти со кои ги утврдиле позитивните и негативните ефекти на тоа кога човек спие само на грб…
Притоа, не станува збор само за положбата на ’рбетниот столб, туку и за функционирањето на дишните патишта, крвотокот и снабдувањето на мозокот со кислород. Проучувањата на несоницата посочуваат оти спиењето на грб преку целата ноќ доведува до тоа нивото на густина на крвта да биде како она при мамурлак, а нивото на чист кислород е речиси исто како по две испушени цигари или испиени 100 милилитри виски. 3атоа, меѓу другото, науката препорачува честа промена на телесната положба при спиење.
Освен тоа, второто нешто што стручњаците го препорачуваат, кога станува збор за здрав сон, е темната постела. Научните сознанија говорат дека човекот заспива побргу и спие подолго и подлабоко, ако е опкружен од темни предмети. Затоа се препорачуваат и темни завеси и чаршафи, на пр. – во сини нијанси…
Здравиот сон зависи и од температурата во собата. Проучувањата покажуваат дека 18 – 22 Целзиусови степена се оптимални за човековиот сон. Притоа, во соба со повисока температура, човекот спие полошо отколку кога во собата има „зимски воздух“, се вели во истражувањата.
Ново на Сител
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
-

Потврдена епидемија на ебола во ДР Конго
