СОВЕТИ ЗЛАТО ВРЕДНИ: Еве како да заштедите на гориво

Штедење, деновиве, е збор кој често се слуша. Луѓето се` повеќе се одлучуваат да штедат поради ограничените средства...
Доколку сакате да заштедите на гориво ви пренесуваме неколку совети како тоа да го направите:
Не точете до врв
Оној момент кога дршката за бензин ќе кликне и ќе престане да точи гориво во резервоарот, вашиот автомобил добил точно толку гориво колку што собира. Нема потреба да ја стискате рачката повторно, за да дополните. Тоа гориво ќе се разлее и моторот нема да го потроши, а вие ќе го платите.
Добро затворете го резервоарот
Бензинот ќе испари, ако има доток на воздух. Поради неисправни капачиња, годишно во воздух испаруваат 540 милиони литри гориво.
Паркирајте во гаража
Гаражата го одржува автомобилот топол на зима, ладен на лето. На тој начин нема да трошите на греење на автомобилот за да се растопи мразот од него, ниту ќе морате да ја вклучувате климата секогаш кога ќе седнете во автомобил.
Напумпајте ги гумите
Избалансирајте ги гумите. Неизбалансираните гуми, кои имаат нееднаков, слаб притисок, брзо се трошат и пружаат поголем отпор, па моторот мора да работи посилно за да оддржи брзина. Гумите кои имаат слаб притисок може да ја зголемат потрочувачката на гориво за дури 15 отсто.
Одржувајте го моторот
Автомобил кој не поминал еко тест или има истрошени или неисправни свеќици може да троши и до 30 отсто повеќе.
Заменете ги воздушните филтри
Внимавајте на воздушните филтри на моторот. Уредни воздушни филтри може да заштедат и до 10 отсто гориво.
Користете квалитетно масло
Доколку употребувате масло кое го препорачува произведувачот на автомобилот може да заштедите 1 до 2 отсто на гориво.
Не штедете на одржување
Автомобилот ќе работи оптимално, ако го одржувате оптимално.
Ново на Сител
-

Земјотрес во Македонија – епицентарот кај Велес
-

Тешка сообраќајка кај село Робово - жена загина откако се судрила со камион
-

Шестмина вработени во фабрика во ТИРЗ-Штип се затруеле од храна
-

Бомба фрлена кон ресторан во тетовско - двајца повредени
-

„Safe City“ ги снимил: Донеле четирицикл со шлеп-служба и глумеле сообраќајка за пари од осигурување
-

Мицкоски: Она што го прави Левица за Изборниот законик е театар за нивниот мал број гласачи
-

Мицкоски: Се следи состојбата со цените на горивата, мерките остануваат на располагање
-

Украински дронови погодиле уште 12 руски танкери во Азовско Море
