Советот на ЕУ усвои препораки за ограничувања на патувања
Советот на ЕУ ги усвои препораките на Европската комисија за координиран пристап кон ограничување на движењето поради пандемијата на коронавирусот.
Препораките се однесуваат на избегнување на сите неважни патувања, со цел да се забави увозот и ширењето на нови позаразни видови на коронавирусот.
Земјите-членки усвоија одлука за додавање на темноцрвена боја на мапата што ја објавува Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ).
Оваа боја ќе се однесува на области каде што вирусот циркулира на многу високо ниво, вклучително и региони каде што се откриени позаразни варијанти на вирусот.
– Земјите-членки треба да побараат од лицата кои патуваат од области обележани со темноцрвена боја да бидат тестирани на Ковид-19 пред пристигнувањето, а потоа да бидат во карантин 14 дена, се вели во соопштението на Советот на ЕУ.
Во исто време, на земјите-членки им се дава можност да побараат тест за Ковид-19 од патници кои доаѓаат од портокалови, црвени и сиви области.
Луѓето што живеат во погранични региони и ја преминуваат границата на дневна основа или често, на пример заради работа, студии или семејни причини, не треба да бидат подложени на тестирање или карантин.
Доколку се воведе барање за тестирање, зачестеноста на тестовите врз такви лица треба да биде пропорционална, наведува Советот на ЕУ.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг