Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

Советот за безбедност на ОН синоќа усвои резолуција со која се поддржува мировниот план за Газа на американскиот претседател Доналд Трамп.
Тринаесет членки гласаа за предлогот на САД, кој предвидува и меѓународни сили за помош во стабилизирањето на прекинот на огнот. Русија и Кина беа воздржани, јави ДПА.
Групата седум (Г7) водечки демократии неодамна се залагаше за мандат од Советот за безбедност за да се обезбеди брза имплементација на планот.
Во втората фаза, планот предвидува разоружување на палестинската милитантна група Хамас, распоредување на меѓународни стабилизациски сили и воспоставување преодна администрација од палестински технократи.
Неколку прашања остануваат спорни, вклучувајќи го разоружувањето на Хамас, целосното повлекување на израелските сили и иднината на Појасот Газа.
Израел изрази критики пред гласањето поради повикувањето на резолуцијата на „веродостоен пат кон палестинско самоопределување и државност“.
Овој потег означува редок пробив за Советот, кој честопати беше длабоко поделен за ова прашање во последните години, и сигнализира дека мировниот процес на Блискиот Исток добива поширока меѓународна поддршка, коментира германската новинска агенција.
Соединетите Американски Држави силно се залагаа за усвојување на резолуцијата, која сепак беше изненадување за многу набљудувачи.
Во пресрет на гласањето, долго време изгледаше дека резолуцијата може да пропадне. Русија и Кина – двете сили со право на вето во Советот – сигнализираа незадоволство, а Русија дури и циркулираше своја нацрт-резолуција, кој на крајот не беше ставен на гласање.
Ново на Сител
-

Втора шанса за прв впечаток: Може ли Скопје и Софија да ги поправат скршените односи?
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Патарини ќе може да се плаќа и преку мобилен телефон
-

Петмесечно бебе починато однесено на Детска клиника
-

Судскиот совет пред одлука меѓу судиите Димовска и Стефановски за претседател на Кривичниот суд
-

Само три лица издржуваат куќен затвор со електронска алка, ќе се менува Законот за пробација
-

Жестока расправа во Советот за кварталниот извештај за буџетот на Град Скопје
